Столтенберг: Воспоставете хуманитарни коридори во Украина

Сподели со своите пријатели

Воспоставувањето хуманитарни коридори во Украина за евакуација и помош е барем минимумот што треба да се постигне сега, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој изјави за Ројтерс на маргините на форумот во Турција дека нуклеарната реторика на рускиот претседател Владимир Путин е „опасна“ и „непромислена“ и повтори дека Алијансата нема да испрати војници или авиони во Украина.

 

Украина тврди: Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил

 

„Сè уште верувам дека е важно да работиме напорно за да дојдеме до политичко и дипломатско решение. Барем минимум е да се воспостават хуманитарни коридори каде што луѓето ќе можат да излезат и да влегува хуманитарна помош“, рече Столтенберг.

Според него, воведувањето зона на забранети летови над Украина најверојатно ќе доведе до натамошна ескалација на војната и директен конфликт меѓу НАТО и Русија.

 

Украина тврди: Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил

 

На прашањето дали нападот на Москва врз Украина „фрли ново светло“ за купувањето на руски одбранбени системи С-400 од страна на Турција, што претходно доведе до американски санкции кон Анкара, Столтенберг рече дека тоа покажува колку е важно сојузниците во НАТО да не зависат од руската воена опрема.