Столтенберг во тридневна посета на Турција

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска треба да пристигне во тридневна посета на Турција, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.

Loading...

Министерството објави дека Столтенберг ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за одбрана Хулуси Акар, јави Анадолија.

Се очекува фокус на разговорите да биде продолжување на Договорот за жито од Истанбул и кандидатурата на Шведска и Финска за членство во НАТО.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во јуни оваа година, одлука поттикната од руската војна против Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Сепак, Турција, како членка на НАТО, изрази приговори за нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги Шведска и Финска дека толерираат, па дури и ги поддржуваат терористичките групи, додава турската новинска агенција.

Турскиот парламент мора да го ратификува одобрението Шведска и Финска да станат нови членки на НАТО.