Столтенберг: Русија нема право на своја сфера на влијание

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека Русија нема право на сопствена сфера на влијание, пишува „Телеграф“.

Loading...

Според Столтенберг, Москва не може да го спречи членството на Украина во НАТО, бидејќи за тоа треба да одлучат Киев и земјите-членки на Алијансата.

„Русија нема вето или глас за ова прашање. Таа нема право да воспостави сфера на влијание, обидувајќи се да ги контролира соседите. Самата идеја дека поддршката на НАТО за суверените држави е провокација е погрешна“, рече тој.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на „агресивните акции“ од страна на Русија во близина на границите на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција.

Според него, тоа никому не се заканува и никого не треба да загрижува. Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа.

Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси.