Столтенберг: Продолжуваме да испорачуваме оружје на Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека членките на Алијансата ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со тешко оружје и системи со долг дострел.

Loading...

Столтенберг на прес-конференција рече дека очекува членките на самитот на НАТО да се договорат за нов пакет помош за Киев, пренесува Ројтерс.

„Исклучително сме фокусирани на зајакнување на поддршката“, рече Столтенберг.

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО и други земји денеска во Брисел ќе разговараат за важноста од зајакнување на партнерствата, но и за испорака на оружје за Украина, која бара значително зголемување со цел да ги задржи руските војници на истокот на земјата.