Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска повторно ја повика Москва да докаже дека ги повлекува своите војници од границите на Украина.
Loading...
„Останува да се види дали Русија се повлекува. Она што го гледаме е дека тие го зголемија бројот на војници, а повеќе војници се на пат“, изјави Столтенберг за новинарите на почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, а пренесува Ројтерс.
„Ако навистина почнат да ги повлекуваат силите, тоа е нешто што ќе го поздравиме. Тие секогаш ги движеле силите напред-назад, така што самото гледање на движењето на силите и борбените тенкови не потврдува вистинско повлекување“, рече Столтенберг.