Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги осуди, како што рече, воените напади врз цивили и нуклеарната централа во Украина и ја повика Русија да ги повлече своите трупи и да се вклучи во дипломатските напори за ставање крај на „немилосрдната војна“.
„Сојузниците на НАТО воведоа санкции без преседан против Русија, ние обезбедуваме помош за Украина, но НАТО не е дел од конфликтот. НАТО е одбранбен сојуз. Ние не бараме војна со Русија, но мора да бидеме јасни за нашата решеност да се браниме нашите членови“, рече Столтенберг.
По гранатирањето, Русите ја зазедоа најголемата нуклеарна централа во Европа
На состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, што се одржува во Брисел во присуство на Шведска и Финска, Столтенберг им се заблагодари на Соединетите Американски Држави, сојузниците од ЕУ и Канада за зголемувањето на воените сили во Источна Европа, вклучувајќи копнени трупи, бродови и авиони со ценка дека е во прашањето за „одбранбено присуство“.
„Оваа ситуација ја покажува важноста на северноамериканското единство во стратешката солидарност со НАТО“, заклучи Столтенберг.