Ги поддржувам акциите на САД, Велика Британија и Франција против постројбите и хемиското оружје на сирискиот режим. Тоа ќе ја намали способноста на режимот дополнително да напаѓа сириски народ со хемиско оружје, рекол Јенс Столтенберг, Генерален секретарна НАТО.
Како што додава, НАТО доследно ја осудил СИрија која продолжила да користи хемиско оружје и така грубо да ги крши меѓународните норми и договори.
Користењето на хемиското оружје е неприфатливо, а одговорните лица мора да сносат одговорност, се наведува во изјавата на генералниот секретар на Алијансата.
Според негови зборови, НАТО употребата на хемиско оружје ја смета како закана за меѓународниот мир и безбедноста и смета дека е неопходно да се почитува Конвенцијата за хемиско оружје.
– Тоа бара заеднички и делотворен одговор на меѓународната заедница, стои во изјавата на Столтенберг.