Столтенберг: Ќе се разговара за зголемување на производството на оружје и муниција

Сподели со своите пријатели

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО и индустриските партнери денеска и утре ќе разговараат како дополнително да се зголеми производството на оружје и муниција, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Loading...

Столтенберг пред новинарите во Брисел изјави дека стандард за земјите од НАТО е да трошат два отсто од БДП за одбрана и дека тоа е минимум за, како што наведе, инвестирање во заедничка безбедност.

Поддршката на НАТО за Украина значително влијае на ситуацијата на бојното поле, истакна Столтенберг, пренесе Ројтерс.

Министрите за одбрана на НАТО денеска ќе започнат дводневен состанок во седиштето на Алијансата во Брисел, а една од главните теми се очекува да биде ситуацијата во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Денеска се очекува да се сретнат претставници на членките на Контакт групата за одбрана на Украина, која ја сочинуваат повеќе од 50 земји, а на почетокот на таа средба ќе зборува и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.