Столтенберг: Кина го поттикнува најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја обвини Кина дека ѝ дава воена поддршка на Русија, а со тоа ја поттикна најголемата војна во Европа од Втората светска војна, пишува Спутник.

Loading...

„Кина го поттикнува најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна“, рече Столтенберг во интервју за јапонскиот весник „Јомиури“, истакнувајќи дека Русија наводно произведува дронови и ракети со поддршка на најсовремена технологија и електроника извезени од Кина.

Во оваа насока, според генералниот секретар на НАТО, има потреба да се додаде содржина на партнерствата со Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд со цел да се зголеми притисокот врз Кина и да се стабилизира регионот во Азија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европскиот парламент ја повика ЕУ да ги зајакне санкциите против руската „флота во сенка“

Говорејќи за конкретни чекори во случај на криза во Тајван, Столтенберг изрази претпазлив став, велејќи дека НАТО ќе остане сојуз на Северна Америка и Европа.

Тој нагласи и дека одлуката за претходно објавениот план за отворање канцеларија за врски на НАТО во Токио нема да биде донесена на претстојниот самит на Алијансата, имајќи предвид дека членките не сакаат непотребно да го провоцираат Пекинг.

„НАТО не ја смета Кина за противник, но претставува предизвик за нашите вредности, интереси и безбедност“, додаде тој.

Министерството за надворешни работи на Кина, како одговор на обвинувањата на западните земји, наведува дека зазема фер и објективен став за ситуацијата во Украина, како и дека се придржува до разумен и одговорен пристап кон извозот на оружје и двојната користат стоки во согласност со законите и прописите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анкета: Речиси 80 отсто од Русите му веруваат на Путин

Во април, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, изјави дека САД обезбедуваат воена помош за Украина, но ја критикува нормалната соработка меѓу Русија и Кина.

Loading...

Тоа го нарече лицемерие и типичен пример за двојни стандарди.

Пекинг, исто така, ги предупреди САД ржави дека омаловажувањето и обвинувањето на другите нема да ја реши украинската криза.