Столтенберг ги поздрави напорите на Словенија да го зајакне присуството во мисијата КФОР

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги поздрави напорите на Словенија да го зајакне своето присуство во мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) и да ги зголеми одбранбените распределби.

Loading...

Словенија одигра важна улога во стабилизацијата на Западен Балкан во текот на 20 години членство во НАТО, изјави Столтенберг на средбата со словенечкиот премиер Роберт Голоб, пренесува СТА.

Голоб рече дека сè уште не е усвоен поконкретен план, „но денеска изразивме подготвеност да придонесеме повеќе, особено за стабилноста на регионот на Западен Балкан“.

На прес-конференцијата што ја одржа со Голоб во седиштето на НАТО, Столтенберг ги пофали и напорите на Словенија за зголемување на трошоците за одбрана и го поздрави планот за зголемување на трошоците за одбрана на 2 отсто од БДП до 2030 година.