Столтенберг: Ги осудувам ужасните руски ракетни напади врз Украина и убиствата на цивили

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг остро ги осуди руските ракетни напади врз Украина, кои предизвикаа бројни жртви меѓу цивилното население, вклучително и деца.

Loading...

– Русија ја продолжува својата брутална војна во Украина. Штотуку видовме ужасни ракетни напади врз украински градови во кои загинаа невини цивили, вклучително и деца. Ги осудувам овие страшни напади – изјави синоќа Столтенберг пред средбата со американскиот министер за одбрана Лојд Остин во Вашингтон.

Тој најави дека за време на самитот на НАТО што почнува денеска во Вашингтон, ќе бидат донесени одлуки за натамошно зајакнување на помошта за Украина, објавено е на веб-страницата на Пентагон.

Тој додаде дека на Самитот на НАТО во Вашингтон ќе присуствуваат и лидерите на азиско-пацифичките партнери – Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја.

– Ова покажува дека нашата безбедност не е регионална, нашата безбедност е глобална – рече Столтенберг.

Вчера Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, а украинските власти соопштија дека во тие напади загинале најмалку 41 лице, а 149 лица биле ранети.