Вкупно 93 контролери за соларни бојлери со ознаки на заштитена трговска марка биле откриени од страна на мобилните царински тимови во соработка со инспектори од Одделението за истраги, при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Куманово, увозно оцаринета во царинската испостава Куманово.
Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Покрај тоа, биле откриени и вишок 40 грејачи и 7 контролери за соларни бојлери кои не биле опфатени со царинските документи.
Непријавените производи биле привремено задржани, а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.