Стојковски: „Никола Тесла“ е во приоритетите за ревитализација годинава

Сподели со своите пријатели

Водоводната мрежа на улицата „Никола Тесла“ е изградена во шеесетите години и улицата е ставена во приоритетите за ревитализација на водоводната мрежа годинава, реагира директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски по денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

– За жал ЈП „Водовод“ Куманово од 2013 година работи само со нужни средства, кои се доволни само за санирање на дефекти а не и за преземање на поголеми оперативни зафати за менување на стара водоводна и канализациона мрежа. За жал и општината е во целосно иста ситуација, работи со основни средства за вршење само на нужни дејности на самата општина. Јас апсолутно ги разбирам пред се граѓаните кои живеат на „Никола Тесла“ бидејќи од минатата година имавме дури 8 дефекти кои во текот на ден беа санирани за жал во утринските часови повторно доаѓаше до дефекти и денеска целосно го завршуваме и последниот дефект и граѓаните ќе добијат вода, изјави Стојковски.

Директорот Стојковски го поздрави односот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ што реагира во вакви ситуации, но упати прашање што тие направиле за Куманово во изминатите десет години.

– Јавното претпријатие „Водовод“ со сопствени проекти во изминативе пет години донесе близу седум милиони евра средства што од ИПА фондови што од Европска инвестициона банка, повторно прашање до нив, што направија тие ќе ги молам со зборови и цифри за Куманово во изминатиот период доволно ќе беше само копитата на онаа стока што ја поставија на плоштадот во Скопје да направеа напор да се донесе во Куманово и во овој момент ќе немавме ниту проблем со водовод ниту канализациона мрежа, вели Стојковски.

Инаку, денеска ОК на ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека веќе осум дена жителите на улицата „Никола Тесла“ немаат вода, поради старите цевки.

Leave a Reply