Стојчевски: Гласајте за Максим Димитриевски, да изградиме напредна, модерна и просперитетна Македонија

Сподели со своите пријатели

Носителот на листата кандидати за пратеници во Изборна единица 2 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Даниел Стојчевски, денеска на прес конференција ги повика граѓаните в среда да излезат и да гласаат за нивниот претседателски кандидат Максим Димитриевски.

Loading...

На последната прес конференција пред вечерва на полноќ да започне изборниот молк, Стојчевски рече дека караванот поминал низ сите градови, села и населени места.

– Со чисто срце на граѓаните им ја пренесовме нашата визија и планови да ја одбраниме нашата татковина и да создадеме подобра Македонија за сите нас и нашите наследници. Енергијата и поддршката од граѓаните е огромна и ја чувствуваме секојдневно на средбите што ги имавме насекаде низ Македонија. Оваа борба не е лесна, но со вашата поддршка и соработка веруваме дека битката за просперитетна, достоинствена Македонија, може и мора да ја добиеме, рече Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар и полицаец за 2024 година во Куманово

 

 

Ова, вели тој, е заедничка борба за подобар жиот, светла иднина и нашата татковина да биде рамноправна држава со сите други во Европа.

– Излезете на гласање, искористете го вашето гласачко право и дајте го вашиот глас за човекот кој е спремен максимум да се бори за вашите права, човекот кој прв застана и се побуди за неправдите и предавствата на националните интереси. Човекот кој не обединува сите нас, произлезе од граѓаните, и ќе работи само и единствено за граѓаните, кандидатот за претседател Максим Димитриевски, повика Стојчевски.

Loading...

Како што рече, со гласот за Димитриевски ќе се стави крај на 30-годишната црно-бела слика во која едни исти се менуваат, а народот страда, осиромашува и се иселува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

– Запомнете промените зависат од вас. Дајте го вашиот глас за Максим Димитриевски, реден број 7 на гласачкото ливче, човек кој ветува дека максимално ќе се бори против корупцијат на сите нивоа и никогаш нема да потпише ниеден закон кој е на штета на граѓаните. Одважете се гласајте за Максим Димитриевски и помогнете од напатена Македонија заеднички да изградиме напредна, модерна и просперитетна Македонија. Дозволете да имаме претседател кој докажа дека не е слеп послушник, ниту на еден политички центар на моќ, претседател свој и независен, претседател храбар и одважен, претседател домаќин и пријател, претседател кој подеднакво ќе ги застапува сите граѓани и секогаш ќе застане во нивна одбрана и заштита. Претседател кој ќе даде максимум за Македонија. Излезете и гласајте за Максим Димитриевски, кандидат за претседател реден број 7. Максимум за Македонија, за нашата татковина, за наша Македонија, изјави Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

Никола Ивановски