Стојчевски: Анкетите покажуваат дека уживаме најголема доверба (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово е во завршна фаза на внатрепартиски консултации за утврдување на кандидатите за советничката листа за претстојните локални избори.

Loading...

Ова го соопшти претседателот на општинската организација, Даниел Стојчевски, кој изрази задоволство од досегашната работа на советниците кои произлегуваат од ова движење.

– Првично морам да кажам дека досега ние сме задоволни од советниците коишто произлегоа и го претставуваат движењето ЗНАМ кои што во изминатите неколку години беа учесници во реализација на низа проекти се со цел за подобар живот на граѓаните подобри услови за живеење во општина куманово, изјави Стојчевски.

 

 

Тој најави дека движењето се наоѓа во процес на внатрешна анализа, преку која телата и органите на партијата предлагаат нови кандидати за советници.

– Во овој период ние правиме внатрепартиска анализа каде што телото и органите и излегуваат со свои предлози за советници кои би биле можни носители на нашата листа. Се работи за квалитетни луѓе, докажани луѓе во својата област каде што работат, каде што живеат, широко прифатени од народот. Луѓе коишто ќе сакаат првично да ја работат својата работа за што ќе бидат изберени и она што е најбитно – ќе бидат достапни до граѓаните на општина Куманово, рече тој, додавајќи дека листата најверојатно ќе биде објавена до крајот на август.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ги прашавме олимпијците како им се допадна во Куманово. Ова се одговорите! (ВИДЕО)

Стојчевски посочи дека според анкетите, движењето ужива најголема доверба меѓу граѓаните на Куманово.

-Од она што го гледаме од граѓаните, значи анкетитото прокажуваат дека народот, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Општинска организација Куманово, ужива најголема доверба кај граѓаните на Куманово. Тоа е резултат на досегашната работа, којашто е во континуитет со реализација на безброј проекти и се надевам дека така и ќе остане и повторно ќе ја добиеме поддршката од граѓаните на општина Куманово, појаснува тој.

Тој додаде дека на социјалните мрежи може да се сретнат и позитивни и негативни реакции, но ЗНАМ секогаш е подготвен да ги слушне критиките.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре завршува ЕМОФ 2025. Македонија против Латвија и Унгарија за 7. место

– Секако дека има и критики. Ние сме тука да ги слушнеме тие критики и да го подобриме во иднина нашето работење. Секако дека секоја критика е добредојдена – ја сметаме како добронамерна, ја прифаќаме и ќе се обидеме во нареден период сите тие работи да ги подобриме и исправиме. Јас сум уверен во тоа, додаде Стојчевски.

Тој потсети дека Движењето ЗНАМ е родено токму од Куманово, каде првично делувало како независна граѓанска иницијатива која успеала да се спротивстави на големите партии.

– Видете, политичка партија ЗНАМ е формирана пред неколку години. Знаете дека движењето започна токму од Општина Куманово, каде што на претходните локални избори една граѓанска листа – независна листа – излезе, успеа да се спротистави на поголемите политички партии, да ги победи поголемите политички партии. Односно, не победивме ние – граѓаните победија со нивното поддршка што ја дадоа на нас, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заменик на претседателот на Владата Фетаи го посети Затворот во Куманово (ФОТО)

Тој нагласи дека партијата и понатаму се гради и проширува со нови членови, и тоа не само од редовите на други партии, туку и од граѓани кои никогаш досега не се занимавале со политика.

– Во континуитетот оваа партија се гради со луѓе коишто преминуваат од поголемите политички партии. Тој процес секако дека се уште трае, меѓутоа морам да истакнам дека многу луѓе коишто никогаш не се занимавале со политика имаат желба, доаѓаат, се приклучуваат кон Движење ЗНАМ, и бројот на членови на Движење ЗНАМ секојдневно се шири. Досега, јас како претседател, како што имам информација, ниту еден член којшто потполнил пристапница во Движењето ЗНАМ се уште се нема откажано од партијата“, изјави Стојчевски.

Loading...

Според него, оваа поддршка од членството и од граѓаните е клучот за успехот на движењето, а со новата листа за Советот на Општина Куманово ЗНАМ има цел да излезе како победник на следните избори.

Никола Ивановски