Стојановски: Ревизија на приватизираните фирми во времето на транзицијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Целосна ревизија на приватизираните државни фирми од периодот на транзицијата најави денеска кандатот за пратеник од Движење ЗНАМ – За наша Македонија од ИЕ2, Ненад Стојановски.

Loading...

Како што рече денеска Стојановски, мора да се констатира дали некој намерно ја кочел стечајната постапка на фирми како „Монопол“ или „Бисерка“ со децении.

Како пратеник од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, доколку бидам избран, ќе предложам целосна ревизија на приватизираните фирми во време на транзиција. Да се констатираат и свесните кочења за оние фирми кои се нерешени со својот статус и немаат решено стечајна или ликвидациона постапка, а ги држеле свесно некои субјекти во таква состојба по 20 или 30 години за да некој ги купи за џабе. Што e со „Монопол“ или „Тутунски комбинат“, „Бисерка“ и многу други, рече Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

 

 

Моделот на приватизацијата во Македонија, вели тој, е еден од најлошите во Европа и „остави огромни последици врз целокупните процеси во државата кои се рефлектираат негативно врз нашето стопанство и ден денес“.

– Приватизацијата кај нас беше изведена без да се обезбеди механизам за правилно вреднување на општествениот имот. Потребно е да се направи ревизија на процесот на приватизација и доколку се утврди дека одреден имот е стекнат незаконски истиот да се конфискува, вели кандидатот за пратеник.

Loading...

Меѓу останатите мерки кои денеска ги вети Стојановски е и укинување на данок на промет на недвижности при купување на имот, стан или куќа во која ќе живее сопственикот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дводневна предновогодишна забава во Куманово

– Измените и дополнување на Законот за даноци на имот се дел од нашата определба да воспоставиме праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем во функција на постигнување на забрзан, рамномерен и одржлив економски раст. Општина Куманово пред шест години беше најзадолжена општина во Република Македонија. Имаше вкупен долг од 17 милиони и 600 илјади евра. Денес Општина Куманово на сопствена сметка има околу седум милиони евра. Овој принцип на финансиска дисциплина треба да се спроведе и на државно ниво, каде има уште поголеми јазови и сива економија. Македонија мора да ја направиме одржлива држава. Ние од ЗНАМ знаеме како, изјави Стојановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар и полицаец за 2024 година во Куманово

Стојановски денеска беше на пазарот за стари работи во селото Долно Којнаре во Куманово каде се сретна со многу граѓани и разговараше за нивните потреби и барања, а воедно ја промовираше и програмата за парламентарните избори, но и кандидатот за претседател на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

– Ја бараме вашата поддршка да ги менуваме работите и да го поддржиме Максим Димитриевски за претседател на Македонија. Излези и гласај заокружи број 7 за достоинствена и просперитетна Македонија, повика тој.

Никола Ивановски