Сто и пет години од загинувањето на Димитар Пинџуров, еден од организаторите на Тиквешко востание и татко на Страшо Пинџур

Сподели со своите пријатели

На денешен ден во 1915 година во виорот на Првата светска војна кај селото Криволак загинал Димитар Пинџуров, подофицер на Првиот македонски полк, потсети историчарот Петре Камчевски.

Loading...

-Роден бил во селото  Ваташа во 1884 година во револуционерно семејство. Се образувал во Ваташа, Кавадарци и Солун каде завршил Егзархиска машка гимназија. Работел  како учител во село Рожден, а во 1904 година заедно со Никола Шишков и Дончо Лазаров се вклучиле  во четата на војводата Добри Даскалов. Во 1906 година преминал  во четата на гевгелискиот војвода Аргир Манасиев. По Младотурската револуција се преселил во Гевгелија каде бил раководител на Народната федеративна партија, рече Камчевски.
Во 1911 година се вратил во Тиквешијата, а во 1913 година бил еден од организаторите на Тиквешкото востание и бил член на Главниот штаб на востанието.
-По востанието заминал во Струмица каде работел  како учител. Се оженил со Менка Пинџурова , а на 5 март 1915 година се родил неговиот син Страшо, кој не успеал да го запознае својот такто,  бидејќи бил само 6 месеци кога Димитар Пинџуров загинал, нагласи Камчевски.

Страшо Пинџур бил  исто така револуционер и значајна личност од тиквешката и македонската историја.

Светлана Дарудова, Кавадарци

Leave a Reply