Досегашниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски му ја честиташе победата на противкандидатот од коалцијата предводена од СДСМ, Стефан Богоев.
Тој рече дека Богоев е во убедливо водство.
Јакимовски најави дека неговата партија ќе остане присутна во политиката и општина Карпош.
– И натаму ќе бидеме присутни на политичката сцена во Република Македонија и со граѓаните на општина Карпош и натаму ќе се среќаваме и ќе разговараме за овие теми. Какви ќе бидат резулатите од изборот на новиот градоначалник и дали граѓаните направиле правилен избор ќе видиме по четири години, изјави Јакимовски.
Тој посебно им се заблагодари на оние кои го поддржаа во оваа изборна кампања.
Извор: МИА

