Стејт департмент: Суверени одлуки за забраната за прелет на Лавров

Сподели со своите пријатели

Стејт департментот по повод одлуката на Црна Гора, Бугарија и Македонија да не дозволат прелетување на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат за Белград, соопшти дека тие како суверени држави „донесоа суверени одлуки за воздушниот простор, одразувајќи Решеноста на Европа да ја повика Русија на одговорност за нападот врз Украина“.

Loading...

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прес-конференција рече дека САД ја повикале „Србија да се фокусира на својата цел за членство во Европската унија, вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа“, јави Танјуг.

„Постојано ја повикуваме Србија да преземе чекори за напредување на европскиот пат, вклучително и диверзификација на изворите на енергија, намалување на енергетската зависност од Руската Федерација и усогласување на надворешната и безбедносната политика со Европската унија. Ние сè уште сакаме да бидеме партнер на Србија и да и помогнеме во нејзините напори за зајакнување на енергетската безбедност на долг рок“, рече Прајс.

На прашањето на Гласот на Америка како САД и НАТО ќе ги заштитат Црна Гора, Македонија и Бугарија од „руски закани“ кои го затворија воздушниот простор за авионот од кој Лавров требаше да патува во Србија, според американските медиуми, Прајс одговори дека се „сите три членки на НАТО, а посветеноста на членот 5 во однос на сите три е обврзувачка“.

Тој потсети дека вчера се одбележаа петгодишнината од членството на Црна Гора во НАТО, а втората годишнина од членството на Македонија во март.