Стефан Живановиќ е новото засилување на КК Куманово за претстојната кошаркарска сезона, кој деновиве го потпишал и својот трансфер од КК Темишвар.
Српскиот репрезентативец е роден 1989 година , а висок е 195 сантиметри и има богато професионално искуство. Во минатата сезона со Темишвар има настапувано во романската национална лига, а истата сезона има настапувано и за КК Смедерево, а во својата професионална акриера настапувал за Металац, Црвена Ѕвезда, Игокеа и многу други клубови.
Има постигнато повеќе успеси и тоа: златен медал од Европското првенство до 18 години во 2007 година, Универзијада во 2011 година исто така со златен медал и 2013 година со бронза, како и сребро од Медитеранските игри во 2013 година.