Стефан од Куманово тргнува пеш до Крушево во чест на Илинден (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стефан Петровски од Куманово годинава ќе учествува на Илинденскиот пешадиски марш до Крушево, организиран од здружението „Аманет – Македонец за Македонец“ од Скопје.

Loading...

Маршот се одржува во чест на македонскиот празник Илинден, а Петровски заедно со Дејан Гавровски од Скопје ќе поминат пеш околу 150 километри до Мечкин Камен, каде ќе положат цвеќе на 2 август.

Маршот ќе започне на 27 јули од Спомен Костурница во Куманово, каде Петровски ќе тргне сам кон Скопје, со застанување во црквата „Свети Спас“ во населбата Маџари. Таму ќе добијат благослов пред официјалниот старт на маршот на 28 јули.

– Првиот ден ќе одам сам пеш до скопската населба Маџари каде ќе примиме благослов за нашиот марш во црквата „Свети Спас“. Официјален старт на маршот е 28ми, каде заедно ќе тргнеме со Дејан Гавровски. Се планира да пристигнеме на 1ви август приквечерина во Крушево. Планирано е дневно да минуваме 30 до 40 километри и на втори август ќе положиме цвеќе на Мечкин камен, изјави Петровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, затекнат додека краде

 

 

Подготовките за овој пат, вели Стефан, траат со месеци, вклучувајќи секојдневни пешачења од по неколку десетици километри.

Loading...

Целта на маршот е не само да се оддаде почит на Илинденците, туку и да се испрати порака за зачувување на македонскиот идентитет.

– Македонецот се раѓа да се бори за Македонија до својот последен здив, сакам да дадам придонес за зачувување на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и традиција, вели тој.

Петровски нагласува дека борбата денес е поинаква, но не помалку значајна.

„Секоја генерација има своја борба. Илинденците и партизаните тргнале со пушка за ослободување на Македонија, Европскиот Парламент во резолуцијата го избриша македонскиот јазик, соседите го негираат македонскиот јазик и ни ставаат сопки, го попречуваат нашиот пат кон Европската унија, а ние Македонците сакаме мирно да живееме и да ја градиме Македонија, рамо до рамо со останатите европски народи, изјави Петровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар кај поранешниот хотел „КУ-БА“

Во обраќањето, тој упатува повик до сите да дадат свој придонес за заедничката кауза.

Сите можеме да дадеме придонес во македонската кауза, вие новинарите преку медиумите, младите преку социјалните мрежи, а јас и Дејан ќе пешачиме и разговараме со луѓето за славното борбено минато и светата иднина на Македонија, вели тој.

Петровски посочува дека не бара слава, туку сака неговата акција да биде инспирација за други.

„Јас не барам слава, туку посакувам догодина да има повеќе луѓе кои пешачат и тоа од сите краишта на Македонија. Сакам ова да прарасне во традиција, да не се заборави крвта пролеана за Македонија.“

Loading...

Тој апелира до сите кои можат да помогнат, да го поддржат маршот со донации.

Ги повикувам сите кои можат да го помогнат овој марш тоа да го направат во пијалоци, спортска опрема и други работи, кои сакаат да донираат. Заинтересираните може да ме контактираат на мојот мејл [email protected]. Би било убаво финансиски Илиденскиот марш да биде поддржан преку жиро сметка на здружението, посочи Петровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Институциите во Куманово со препораки до населението со цел заштита од пожари

Идејата за пешачењето, како што вели, ја добил од коњаниците кои секоја година се упатуваат кон Крушево, а финалната инспирација ја добил од средбата со Гавровски.

– Идејата ја добив од коњаниците кои секоја година патуваат до Крушево, а пресудна беше мојата средба со Дејан Гавровски кој минатата година тргна пеш до Крушево, но поради повреда не успеа да стигне до Крушево, појасни младиот кумановец.

Со надеж во здравје и со силна верба, Петровски порачува: „Да се надеваме дека оваа година ќе не послужи здравјето и со Божја помош ќе успееме да го завшриме овој Илинденски марш.“

Никола Ивановски