Предупредувачки протест на патарината на излезот од Куманово во близина на Романовце најавува здружението УНИТ. Стечајните работници во петок ќе организираат едночасовна блокада на сообраќајот на автопатот кон Скопје.
– Велат дека можеме да заработиме и кривична пријави, но немаме што да изгубиме , веќе немаме страв, едночасовно ќе биде , а еден час ќе помине во движење . Во петок во 09 часот ќе тргнеме пеш од комитет, на патарина ќе стоиме еден час и потоа се враќаме. Очекуваме поддршка од СВР Куманово – изјави Лилјана Георгиевска, Здружение на стечајни работиници „УНИТ “

