Американката Брејана Елвел од Тексас, со корисничко име „breeintheforest“ на Инстаграм, оставила вентилатор во својот двор минатото лето поради високите летни горештини, кои требало да ги избркаат досадните комарци.
Една верверица сфатила дека оваа чудна направа може да се користи за ладење и одлучила да легне пред вентилаторот.
Брејана сфатила колку би било добро да им помогне на глодарите кои се борат со жештините во Тексас, па малку по малку додавала храна на различни локации на тремот и дворот, а со текот на времето тоа станало вистинско мало „одморалиште“ за нив.
Таа им подготвила вода, како и разни замрзнати задоволства и јаткасти плодови.
Покрај глодарите, почнале да пристигнуваат и поголеми животни како срна кои барале освежување, па грижата за шумските животни станала секојдневие.
View this post on Instagram