Дали и вам ви се случувало по враќање од одмор дигиталните часовници во домот да покажуваат погрешно време?
Тоа е нормална последица по исклучување на електричната енергија. Но, никогаш не знаете колку долго тоа траело.
Долг период без струја може да доведе до одмрзнување на храната која се наоѓа во замрзнувачот. Тешко е да отктиете колку време поминало пред повторно замрзнување.
Како во куќата секогаш да имате пари според народните верувања?
Loading...
А, конзумацијата на таква храна може да биде ризична, затоа што одмрзнувањето повеќе пати може да развие опасно патогени бактерии. Една жена по име Расел на социјалните мрежи споредли неверојатно едноставен начин да одредите дали храната е безбедна за конзумација.
Таа морала да го напушти домот поради опасноста од ураганот „Метјус“, но претходно оставила монета во замрзнувачот. Ова е едноставен начин кој без грешка покажува дали храната е погодна за користење. Сипете вода во сад и ставете го да замрзне. Тогаш на замрзнатата површина поставете метална паричка и вратете го садот во замрзнувач.
Ако, по враќање од пат монетата ја пронајдете на дното од садот, тоа е знак дека снемувало струја на подолго време и дека храната се топила. Не ви преостанува ништо друго, туку само да ја фрлите во смет. Од друга страна, ако паричката и натаму е на површината, можете да бидете сигурни дека прекинот на електричното напојување било кратко.
Ова е посебно корисно ако овие денови планирате некаде да патувате.