Летото, плажата, пливањето и сончањето се нераскинливо поврзани. Но, често забораваме да нанесеме крема за сончање пред да излеземе од дома, што може да биде многу опасно за нашата кожа.
Уште поризично е да користите креми за сончање со поминат рок. Во тоа се увери и Морган Вакала, која своето болно искуство на оваа тема го сподели на социјалните мрежи.
Корисниците на ТикТок останале запрепастени кога ги виделе фотографиите од оваа млада девојка која откри дека добила изгореници од втор степен поради употребата на стара крема за сончање. Нејзиното чело изгледало како да е пржено, брадата исто така, па дури и се здобила со изгореници на кутикулите.
„Пораснав на чамци и во базен, но никогаш не сум видела нешто слично“, изјави Морган.
– Никогаш нема да го заборавам изгледот на лицето на мојот доктор кога отидов да побарам помош. Не бидете глупави, проверете го рокот на траење на кремата за сончање пред да ја нанесете на кожата.
Во посебно видео, Морган објасни дека инцидентот се случил во мај 2021 година. Потребни се, вели таа, три недели за да заздрават изгорениците од втор степен.
Следбениците во ТикТок и се заблагодарија на Морган што го сподели своето искуство, а еден од нив напиша реченица во која ќе бидат препознаени некои семејства од нашата област:
– Постојано и кажувам на мајка ми да ја фрли кремата за сончање од 1993 година, но таа изгледа не сака да ме слушне …
Како кремата со поминат рок влијае на кожата?
Повеќето креми за сончање имаат рок на траење до две или три години. Доколку датумот не е наведен на пакувањето, Американската агенција за храна и лекови (ФДА) препорачува производот за заштита од сонце да се смета за неупотреблив три години по купувањето.
Со користење на крема за сончање со поминат рок, кожата станува поподложна на UVA и UVB зраците.
УВА зраците се одговорни за стареењето на кожата и потенцијално можат да предизвикаат оштетување, додека УВБ зраците можат да бидат поштетни и да предизвикаат директно оштетување на ДНК во клетките на кожата, што доведува до изгореници од сонце.
Според Американското здружение за рак, UVB зраците се одговорни за повеќето случаи на рак на кожата.
@morganvacala Don’t be stupid, check the expiration date on your sunscreen. #sunpoisoning #burn #fyp #burnsurvivor #imdumb #seconddegreeburn #burns ♬ Originalton – POV’s