Мајка и татко од Австралија започнаа жестока дискусија откако ги ставија мајчиното млеко и млечна формула под микроскоп за да ги споредат двете работи и дојдоа до заклучок дека доењето е навистина подобра опција за бебињата отколку млечната формула.
Мајката Јансен Хауард објави видео на Фејсбук во кое се гледа разликата помеѓу мајчиното млеко и формулата под микроскоп.
Клипот јасно покажува дека мајчиното млеко е полно со витамини, протеини, пробиотици и други супстанции кои не се гледаат со голо око. Од друга страна, се чини дека формулата не содржи ништо од ова.
“Сите знаеме кои се придобивките од доењето. Сепак, ова видео целосно ме воодушеви. Мајчиното млеко под микроскоп во споредба со формулата под микроскоп”, стои во описот на објавата.
Објаснето е дека видеото нема за цел да ги засрами мајките кои ги хранат своите доенчиња со формула и да ги натера да се чувствуваат лошо, туку да ги поттикне доилките да продолжат со доењето доколку можат.
Очекувано, објавата стана вирална и луѓето почнаа да дискутираат за мајчиното млеко и млечната формула.
“Мајчиното млеко е неверојатно. Пресреќна сум што моите три бебиња го имаа ова течно злато”, напишала една жена.
“Тешко ми е да го гледам. Се обидов да го дојам моето бебе, но таа се роди десет недели предвреме, па тоа беше голем стрес”, рече друг.
Некои луѓе заклучија дека оваа објава може да ги натера мајките што користат формула да се чувствуваат лошо, и тоа не треба да се прави, дури и ненамерно.