Ставен под контрола пожарот во липковско, но посилен ветер може повторно да го разгори

Сподели со своите пријатели

Пожарот кој недела дена беснееше на непристапен терен во атарот на селата Пресница, Глажња, Рнковце и Стрима на територијата на Општина Липково, вчера е ставен под контрола.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, состојбата е потполно стабилна.

– Состојбата е потполно стабилна, пожарот е ставен под конторла, не се шири, но сѐ уште постои внатрешно согорување кое при евентуален посилен ветер може да ескалира и доведе до ново проширување, велат од РЦУК.

Над селото Пресница на шумскиот пат дежура една екипа од Шумско стопанство – Подружница Куманово со едно возило и четворица вработени кои би интервенирале во случај на повторно разгорување.

 

На повеќе локации во Куманово вчера гореле сува трева и стрништа

 

Инаку поради непристапноста на теренот, пожарот со денови беше гаснат рачно од страна на вработените во Шумско стопанство Куманово, а еден ден имаа и помош од хеликоптер на АРМ. Асистенција им пружаше ТППЕ Куманово, но поради стрмниот терен не можеше директно да учествува во гаснењето.

Loading...

Авионите за гаснење пожар, т.н. „ер трактори“ не беа ставени на располагање, бидејќи се на сервис.

Никола Ивановски

Leave a Reply