Мелбурн доби највисоки оценки во неколку категории важни за условите за живот, како што се безбедноста, здравствената заштита, културата и слободните активности, како и инфраструктурата за работа од дома, пренесува CNBC.
Австралиската метропола е исто така само еден од 10-те градови на ранг-листата на Нестпик што нуди „дигитална номадска виза“ – специфичен документ што им овозможува на самовработените и странските работници да работат од дома во таа земја.
Дубаи е на второто место на оваа ранг-листа, Сиднеј е на третото, следни се Талин, Лондон, Токио, Сингапур, Глазгов, додека првите десет ги заокружуваат Монтреал и Берлин.
Студијата на Нестипик опфати 75 градови во светот, кои беа избрани од платформата врз основа на разни истражувања во кои тие често се наведени како дестинации „најдобри за живот“ .
Градовите беа оценети во три општи категории – трошоци и инфраструктура, законодавство и слободи и услови за живот.
На пример, кога станува збор за трошоците и инфраструктурата, беа анализирани цените и достапноста на соодветниот канцелариски простор во домот.
Во случајот на Мелбурн, просечната кирија за еднособен стан е 681 евра месечно. Во тој поглед, Сан Франциско е најскап со цена за изнајмување простор за домашна канцеларија од 1.736 евра месечно, додека Рио де Жанеиро е најевтин со просечна кирија од 119 евра месечно.
Нестпик го зеде предвид и процентот на целосно вакцинирани жители на секој град против „ковид-19“, како индикатор за реакцијата на владата на сегашната здравствена криза, според американската ТВ станица.