Стартува проектот „Народна кујна“ во Општина Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Проектот „Народна кујна“ од денеска ќе започне да функционира во Куманово при што 73 граѓани ќе добиваат оброк во просториите на Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.

Како што информираше раководителот на Секторот за спорт, култура, социјална заштита и заштита на деца при Општина Куманово, Александар Крстевски, имало околу 200 барања, но за жал голем дел од нив досега немаат целосно доставено документација.

– Сега им помагаме за да влезат во процесот за добивање на мерката помош за јавна кујна. Моментално имаме 73 корисници со чиста документација. Храната можат да ја земат во ученичкиот дом од 10 до 12 часот. Веќе е разговарано со сите тие лица, дадени им се насоки како тоа ќе се спроведува, така да чинителите се веќе во тек, рече Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец останал без 18.000 евра при измама за купување градежни машини

 

 

Станува збор за пакети со храна, која лицата само ќе ја подигаат од ученичкиот дом, а проектот општината го спроведува во соработка со Центарот за социјална работа.

– Од Центарот за социјална работа ни даваат информации за сите тие луѓе кои веќе поднесуваат барања за јавна кујна, тие веќе имаат резервна листа, ни даваат информации за ранливите категории за да можат да остварат и право на еден оброк, појасни раководителот.

Во следниот период ќе се разгледува можноста да се поедностави правната рамка за аплицирање со оглед дека станува збор за ранливи категории граѓани на кои помошта им е преку потребна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Не може креаторите на сите проблеми во Куманово сега да бидат негови спасувачи

Никола Ивановски