Стармер за апсењето на поранешниот принц Ендру: Никој не е над законот

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.

Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да пријави кај властите.

„Секој што има некаква информација треба да сведочи. Без разлика дали станува збор за Ендру или кој било друг, секој што има релевантни информации треба да се обрати до надлежниот орган“, рече британскиот премиер и додаде дека тоа не се однесува само на случајот Епстин, туку и на сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен принцот Ендру поради скандалите со Епстин

Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е сите да се еднакви пред законот.

„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се применува во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.

Ендру Маунтбатен-Виндзор е уапсен денеска на неговиот имот во Вуд Фарм во Сандрингем, на неговиот 66-ти роденден, објави британски „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.

Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавната функција.