Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека објавениот план на Израел за „пораз“ на Хамас во Појасот Газа е „грешка“ и ја повика владата на Бенјамин Нетанјаху да го „преиспита“.
Loading...
„Одлуката на израелската влада да ја засили својата офанзива во Газа е грешка и ја повикуваме веднаш да ја преиспита“, изјави британскиот премиер.
Според него, овој план нема да придонесе за завршување на конфликтот или за ослободување на заложниците.
Стармер оцени дека акцијата на Израел „само ќе доведе до поголем масакр“.
Израелскиот кабинет за безбедност синоќа го одобри планот на премиерот Нетанјаху за „пораз“ на Хамас во Појасот Газа.