Стармер: Не сакам да бирам помеѓу САД и Кина

Сподели со своите пријатели

Пред неговата прва посета на Пекинг, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека не сака да биде принуден да бира помеѓу односите со Соединетите Американски Држави (САД) или со Кина.

Стармер рече дека Велика Британија ќе одржува блиски врски со САД во областите на бизнисот, безбедноста и одбраната, но додаде дека криењето на главата во песок и игнорирањето на Кина не би било разумно, објави Би-Би-Си.

Во интервју за Блумберг њуз, Стармер рече дека посетата на втората по големина економија во светот може да донесе значајни можности за британските компании и најави дека десетици британски бизнисмени ќе патуваат со него во Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 30 жртви на екстремен студ во најпогодените делови од САД

Патувањето на британскиот премиер доаѓа неколку дена откако Велика Британија ги одобри контроверзните планови за изградба на огромен дипломатски комплекс за нова кинеска амбасада во Лондон.

Долгоодложуваната одлука дојде и покрај предупредувањата дека новиот дипломатски комплекс на Кина во главниот град на Велика Британија може да се користи како база за кинески шпионски активности.

„Честопати ме прашуваат да бирам помеѓу земјите. Јас тоа не го правам. Се сеќавам кога работев на трговски договор со САД, сите ми велеа дека ќе морам да бирам помеѓу САД и Европа, но јас реков дека нема да направам таков избор. Имаме многу блиски односи со САД, но да ги криеме главите во песок и да ја игнорираме Кина, втората најголема економија во светот, не би било разумно“, рече Стармер, според Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дискомбулаторот“ на Трамп: Тајното оружје на Пентагон или голем геополитички блеф?