Стармер најави дека ќе сврти нова страница во односите со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Кир Стармер најави дека ќе сврти нова страница во односите меѓу Велика Британија и Европската унија, и покрај разликите со Брисел околу предлозите во врска со Европската шема за мобилност на младите.

Loading...

Како што пренесува „Гардијан“, Стармер рекол дека „сигурно ќе има предизвици“ при ресетирање на односите со ЕУ, но и дека „ќе се сврти нова страница на стариот начин на водење на овие преговори“, во насока на „повеќе конструктивен“ пристап.

Ова го изјави за време на неговото патување во Брисел, каде во средата ја имаше првата билатерална средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во Брисел имаше фрустрација поради претходното одложување на состанокот, како и очигледната непопустливост на лабуристичката влада во врска со договорот за мобилност на младите во ЕУ.

Земјите на ЕУ сакаат да постигнат договор со кој младите од земјите-членки можат да живеат и работат во Велика Бритаија одреден временски период, и обратно.

Британските министри се загрижени дека тоа може да се сфати како враќање на слободата на движење во ЕУ, додека Стармер им рече на новинарите дека неговата позиција не е променета и дека „слободното движење е црвена линија“.

Стармер и фон дер Лајен разговараа и за настаните на Блискиот Исток, оценувајќи дека нападот на Иран врз Израел со наведувани проектили, кој се случи во вторникот вечерта, е „безобразен“.

Повеќето од ракетите беа пресретнати од израелските сили, со поддршка на сојузниците, вклучувајќи ги Велика Британија и Соединетите Американски Држави.

Loading...

Стармер и фон дер Лајен оценија дека деескалацијата во тој регион е „од најголема важност“ и повикаа на итен прекин на конфликтот во Либан и Газа, пренесува Танјуг.