Британскиот премиер Кир Стармер вели дека Велика Британија разговара со други земји за тоа што може да се направи заедно за да се намалат економските последици за граѓаните и компаниите.
„Колку подолго трае ова, толку е поголема веројатноста за влијание врз нашата економија, врз животите на луѓето и домаќинствата и работењето на компаниите“, рече тој, според Би-Би-Си.
Тој додаде дека задачата на владата е да „ги спречи ваквите случувања“.
Стармер, исто така, рече дека лабуристичката влада веќе напорно работела за да ја направи земјата поотпорна на економски шокови и дека министерката за финансии Рејчел Ривс е во дневни разговори со гувернерот на Банката на Англија.
Владата, рече тој, разговара и со меѓународните партнери за мерките што би можеле заеднички да ги преземат за да ги намалат можните последици за граѓаните и компаниите во Велика Британија.

