Стармер ќе се сретне со Шолц во Лондон во недела

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Кир Стармер во недела во Лондон ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, а се очекува двајцата да разговараат за прашањата за Украина и Блискиот Исток, објави Ројтерс.

Разговорите доаѓаат пред парламентарните избори во Германија, кои треба да се одржат на 23 февруари.

Покрај Шолц, Стармер во „блиска иднина“ се очекува да се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого телефонски разговараше претходно оваа недела.

Шолц вчера разговараше за одбранбените капацитети на Европа со италијанскиот премиер Џорџо Мелони, како и за методите на финансирање и зголемување на инвестициите во одбранбениот сектор на двете земји, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија и САД ќе потпишат нуклеарен договор за време на посетата на Трамп