Британскиот премиер Кир Стармер разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Русија и Украина во Женева, кои се водени со посредство на Соединетите Американски Држави, како и за разговорите меѓу САД и Иран за нивниот нуклеарен спор, изјави портпаролот на Даунинг стрит.
Стармер, исто така, разговараше со Трамп за ситуацијата во Газа и ја нагласи важноста од обезбедување дополнителен пристап за испорака на хуманитарна помош, изјави портпаролот.
Преговарачите од Украина и Русија вчера го завршија првиот од двата дена мировни преговори во Женева, посредувани од САД, додека Трамп врши притисок врз Киев да го забрза договорот.
Одделно, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, вчера изјави дека Техеран и Вашингтон постигнале разбирање за водечките принципи насочени кон решавање на нивниот долгогодишен нуклеарен спор, но нагласи дека тоа не значи дека договорот е близу до склучување.

