Луиза Васкез де Силва родена пред 110 години во северниот шпански град Понтеведра, ги преживеа шпанскиот грип и граѓанската војна и сега е убедена дека ќе го преживее и коронавирусот.
Позната како Лулу, живата старица сонува да се укинат ограничувањата според кои 47 милиони луѓе во Шпанија се задржани во нивните станови веќе три недели.
Држави во кои досега нема регистрирани случаи на коронавирус
Едвај го чека моментот кога ќе може да ги истегне нозете на сончевите улици затоа што, како што вели, доаѓа пролетта. Ако некој знае како да се справи со пандемијата, тогаш тоа е само таа.
Таа го преживеа смртоносниот грип од 1918 година, иако признава дека не се сеќава добро.
„Бев многу мала. Имав седум или осум години“, изјави таа за шпанската телевизија ТВЕ преку Скајп.
Северна Кореја нема заразени од коронавирусот, но СЗО им даде пари
После тоа, таа поминала низ друга голема трагедија во историјата на земјата, граѓанската војна од 1936 до 1939 година. Таа сведочела за диктатурата и воведувањето на демократијата. Иако нема деца, има 87 роднини.
Некои од нив, иако не живеат во Понтеведра, пристигнале во тој мал град во провинцијата Галиција за да ја изненадат на нејзиниот 110 роденден.
Во договор со локалната самоуправа, четворица од нив, облечени во заштитни маски и ракавици, дошле пред нејзината зграда и развиле транспарент, „Среќен 110 роденден“. И тоа не беше сè.
Мистерија во Ломбардија: Ова општина нема заразени од коронавирусот
Четири полициски автомобили со светла и сирените во нејзина чест се паркираа во колона пред влезот. Кога Лулу излезе низ прозорецот за да види што се случува, полицајците на улицата ѝ аплаудираа.
Сите тогаш ја отпеа познатата „Среќен роденден“.
Лулу полна со емоции мавташе од прозорецот на третиот кат.
„Не го очекував ова, ова е изненадување“, истакна таа.
Понтеведра со овој гест дополнително го охрабри нејзиниот најстар жител меѓу 83.000 жители додека коронавирусот коси во Шпанија.
Поради влијанието на коронавирусот врз трговијата се заканува недостаток на храна
Досега починаа скоро 8.500 луѓе, а само Италија бележи повеќе жртви.
Околу 70 проценти од смртните случаи биле стари лица над 80 години.
„Мора да внимаваме на болеста“, рече Лулу. „И кога ќе помине, двојно ќе го прославам роденденот, со сите со кои не можам да бидам сега“.