Старата калдрма на ул. Прохор Пчински замина во историја (фото)

Сподели со своите пријатели

Старата калдрма на една од постарите улици во Куманово поставена на ул. Прохор Пчински замина во историја, откако неодамна започна реконструкција и поставување асфалт и во тој дел од градот.

Улицата на постарите кумановчани им е позната како сокак кој го поврзува Нагорички сокак со улицата наспроти старата црква Свети Никола, и во тој дел од градот порано живееле угледни градски стари кумановски семејства.

Од кога точно датира калдрмата не е познато, но, тој дел од градот дефинитивно е препознатлив по старите куќи кои сведочат за едно време.