Стапува во сила петтиот пакет санкции против Русија

Сподели со своите пријатели

Петтиот пакет санкции против Русија, за кои земјите членки на ЕУ дадоа „зелено светло“, денеска треба да стапи на сила, откако беше објавен во службениот весник на ЕУ.

Loading...

Вкупната вредност на трговската забрана воведена со петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија се проценува на 10 милијарди евра.

 

Русија призна „значителни загуби на војници“, Песков: Огромна трагедија за нас

 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека забраната за увоз на јаглен од Русија во вредност од четири милијарди евра значително ќе го намали важен извор на приход за Руската Федерација, односно „можноста за финансирање на воената машинерија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ќе обезбеди хуманитарна помош и безбедност за цивилите во Курск

Новиот пакет „масивни санкции“ вклучува, за прв пат, забрана за увоз на јаглен од Русија, забрана за пристап на руски бродови до пристаништата на ЕУ, ограничувања на патниот товарен транспорт, целосна забрана за трансакции со четирите најголеми банки во Русија, забрана за увоз на дрво и цемент и луксузни стоки.е вотка и кавијар.

 

Loading...

Фон дер Лајен и Борел пристигнаа во Киев, наскоро ќе имаат средба со Зеленски

 

Во Брисел најавија дека ќе се работи на „дополнителни санкции“, вклучително и „увоз на нафта“ и воведување „специфични начини на плаќање и даноци“.