Стапката на инфекција со коронавирус во Германија се искачи на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, покажаа денешните податоци на Институтот за јавно здравје Роберт Кох, а три политички партии во преговорите за формирање нова влада планираат да ги прошират мерките за борба против пандемијата.
Според податоците на Институтот Роберт Кох, седумдневната стапка на инциденца, бројот на заразени на 100.000 жители во текот на минатата недела, се зголемил од 289 претходниот ден на 303, јавува Ројтерс, а пренесува Танјуг.
А бројот на починати се зголеми за 43 на вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата – 97.715.
Трите партии преговараат за формирање на коалициски план за заострување на предложените мерки за сузбивање на ширењето на новиот бран на пандемијата на корона вирусот, изјави лидерот на „зелените“, Роберт Хабек.
Тројца германски државни министри за здравство ги повикаа партиите кои преговараат за формирање нова влада да ги прошират овластувањата на државите да спроведат построги мерки против коронавирусот, како што се заклучување или затворање училишта, според Ројтерс.