Стабилизација на времето од сабота

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е променливо облачно, во западните делови со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а во Пелагонија и со ретки грмежи. Дува слаб ветер од северозападен правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозпаден правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува сончево до умерено облачно време, додека во попладневните часови се очекува нестабилност проследена со врнежи од дожд и грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне 25 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, велат од УХМР. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.

Преодно стабилизирање со посончево и потопло време ќе има во сабота.

Leave a Reply