СРУШЕН УШТЕ ЕДЕН МИТ: Шолјата кафе лекува мамурлак

Сподели со своите пријатели

Во случај да ви затреба, пред одење на работа, треба да знаете дека кофеинот сепак не ги отстранува трагите од претераниот алкохол од претходната вечер. Било да се работи за тешка ноќ што се однесува до алкохолот или за неколку чаши за вечера, многумина ќе посегнат за шолјата кафе во помош да се санираат последиците од изминатата ноќ.

Но, додека ние се надеваме дека кофеинот ќе ни помогне да се отрезниме, научниците велат дека сепа нема да има некои големи разлики. Професорот Тони Мос од лондонскиот Универзитет „South Bank“ рекол дека кафето не помага во намалувањето на алкохолот во крвта.

Дали кафето навистина протерува?

Loading...

Наместо тоа, професорот сугерира едка иако се чувствувате повеќе внимателни со кофеинот, вашата координација на раката, очите и другите моторички способности ќе останат под влијание на алкохолот во вашиот систем. За да својата теироија ја потврди, професор Мос повикал петмина учесници во контролирани услови во паб каде секој од нив нарачувал вотка и тоник кои содржат доволно алкохол да се чувствуваат пијано.

Тогаш секој од испитаниците добил едноставен тест за координација на очите и рацете во кој морале да управуваат со метална жица околу метален обрач без допирање. И сите паднале на таа задача.

Откако испиле шолја кафе, учесниците се чувствувале повнимателни и сакале повторно да го направат тестот, но исто како и првиот пат паднале. Тестирајќи ја количината на алкохол во нивната крв, Мос открил дека не се променило нивото на алкохол по пиењето кафе и дека најдобар начин на трезнење сепак е чекањето.

– Знаеме од пошироките истражувања дека кафето не е противотров на алкохолот. Кафето е стимуланс кој ќе покрене чувство на лесен одмор како алкохолот во крвта се намалува. А единствено што ќе помогне во поглед на трезнењето е времето, вели Мос.

ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење

На пример, телото на возрасна личност која испила голема чаша вино (250мл) ќе има потреба од три часа за да алкохолот излезе од организмот, додека на телото му требаат два часа да се да се реши од едно пиво.

Leave a Reply