Ојмјакон, зафрлено сибирско село кое се смета за најстуденото постојано населено место во светот, оваа година трпи, дури и за своите стандарди, исклучително ниски температури.
Вообичаените зимски температури во Ојмјакон се движат од минус 40 до минус 50 степени целзиусови.

Оваа година, меѓутоа, зимата особено е сурова, а официјалната метеоролошката станица забележала минус 60 степени цезлиусови.
Од друга страна, новиот електронски термометар измерил минус 62 степени, додека некои жители тврдат дека температурата паднала и 68 степени под нулата.


