Српскиот министер Ивица Дачиќ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, отпатува во официјална возвратна посета на Република Македонија, каде што утре, 10 октомври, во Куманово ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, јави дописникот на МИА од Белград.

Loading...

-На крајот од месец јули годинава во Белград министерот Дачиќ оствари средба со министерот Тошковски за време на неговата официјална посета на Република Србија, на која се разговараше за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи. По тој повод, министерот Тошковски го покани министерот Дачиќ да ја посети Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со нож избодени малолетници кои питачеле во Куманово

Во фокус на разговорите на министерот Панче Тошковски во Белград со вицепремиерот и министер за внатрешни работи- Ивица Дачиќ покрај полициска соработка беше и борба за справување со организираниот криминал и подобрувањето на соработката во делот на граничните премини, а беа договорени во август, мешовити полициски патроли во Охрид.

Според медиумите во Србија, тема на разговорите во Куманово се мигрантските процеси.

МИА