Свештеникот Стефан Митровиќ (26), парох на црквата Возскресение Христово во Крушевац приведен е завчера поради сомнение дека се занимавал со препродажба на наркотици.
Митровиќ е уапсен во Врњачка Бања, а полицијата кај него пронашла 52 грама канабис и 55 грама амфетамини.
– Постои сомнение дека наркотиците биле наменети за улична продажба на корисници од Врњачка бања. Светешникот добил притвор од 48 часа, а на сослушувањето во полицијата се бранел со молчење, велат српските медиуми.
Како пренесуваат порталите, полицијата подолго време го имала на око свештеникот, кој во неколку наврати избегнувал приведување. Инспекторите кои работеле на неговиот случај овој пат добро осмислиле акција и му ставиле лисици на рацете.
– Митровиќ во моментот на приведувањето беше сам во автомобилот марка „опел астра“ со крушевачки регистерски ознаки, а на себе имаше цивилна облека. него го стопирала сообраќајна патрола, наводно поради рутинска проверка. Полицајците првин го тестирале на алкохол, а потоа почувствувале мирис на марихуана, по што направиле и тест на анркотици. Свештеникот тога се изнервирал и наводно се боидел да избегне тестирање правдајќи се дека е свештено лице, објаснува изворот на српските медиуми и додава дека тестот покажал оти младиот поп, наводно е позитивен на дрога.
Соговорникот за српски Ало, вели дека полицајците тогаш направиле претрес на свештеникот и неговиот автомобил.
– Под совозачкото седиште пронајдени се пакетчиња со канабис и амфетамини за продажба, рекол соговорникот.
Како пишуваат српските протали, пархото Митровиќ догло време ја превезувал дрогата од Крушевац до Врњачка бања.
– Наводно пред извесно време започнал да се дружи со сомнителни ликови, во чие друштв и пробувал наркотици. Им беше погоден како свештено лица да транспортира помала количина на дрога, сметајќи дека полициајта нема да го стопира и претресува. Се проверува дели дилерите го уценувале свештеникот и го присилувале за нив да ја продава дрогата и да ја предава на други дилери во Врњачка Бања, заклучува изворот на српски Ало.
Ова место инаку станало леглона трговијата со анркотици, пишуваат порталите, а ова не е прв пат попови да се најдат во нарко-афера.
Во февруари приведен е попот МИлан Јордовиќ (41) од Пожега, кој е бодинет дека во друштво на транвестити и поранечен вероучител Зоран Маринковиќ (42) превезувал 27 килограми дрога. Се проверува дали двајцата свештеници некако биле поврзани.