Српски државјанин приведен во Куманово: Ја тепал и се заканувал на својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник, државјанин на Република Србија бил приведен ноќва по пријава дека извршил семејно насилство.

– На 14.03.2026 година во 02.00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.И.(39)  од Република Србија со место на живеење во Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 31 годишна сопруга и и се заканувал со остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пешак тешко повреден во центарот на Куманово откако во него удрило „рено“