Вчера околу 10.30 часот на граничниот премин Табановце бил задржан С.И. (30) државјанин на Република Србија поради сомнение за сторено кривично дело кражба во манастирот „Свети Илија“ во селото Мирковци, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во 12.30 часот истиот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.