Четириесет и деветгодишен српски државјанин баран со телеграма од Секторот за внатрешни работи Куманово вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.
Loading...
– На 21.03.2023 во 09.30 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ј.(49) од Република Србија затоа што при извршена проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листа и се барал по телеграма од СВР Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Никола Ивановски