По повод големиот христијански празник Бадник членовите на Српската заедница и членовите на Демократската партија на Србите од Македонија од Куманово традиционално организираат сечење на Бадниково дрво.
Оваа година сечата на бадниковото трво се организира во населба Долно Којнаре со почеток од 9:30 часот. После тоа Бадниковото дрво традиционално се носи во холот на зградата на поранешниот Комитет во 12:00, каде манифестацијата продолжува и каде се дели бадниковата погача. Организатор оваа година е кумата Сузана Станковиќ, информира Далибор Китановиќ од Српската заедница.
Тргнувањето за овогодинешната сеча на дрвото ќе биде во 08:30 часот од пред локалитетот „Жмара“ на булеварот „Октомвриска револуција“.