Српската странка во Куманово денеска го прослави големиот христијански празник Сретение Господово во седиштето на партијата, откако од минатата година со одлука на Централниот одбор.
Loading...
[huge_it_gallery id=”306″]
Манифестацијата се одбележува н територијата на целата држава втора година по ред со сите христијански обичаи.
Од осум до десет бевме на литургија, во 11 часот беше сечење на славскиот колач а во 12 ни доаѓаат гости од Србија. Поканет е Зоран Заев, градноачалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски и најверојатно ќе дојдат бидејќи не го откажаа своето гостување. По ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, сме третата партија по големина, не сметајќи ги албанските партии – вели претседателот на партијата Мирослав Јовановиќ.
Овогодинешниот кум беше Мирослав Јовановиќ, а за наредната година е избран Ненад Ѓорѓиевиќ.
Нашата соработка е многу добра, затоа што добар дел од луѓето се по потекло од нашата општина. Ние се дружиме и видуваме, доаѓаат во Трговиште и ние доаѓаме овде на денешниот празник кој го одбележуваат – вели Ненад Крстиќ, градоначалникот на Општина Трговиште, Република Србија.
Инаку оваа манифестација според челниците на партијата ќе продолжи традиционално да се одбележува и во следните години.